Audi останува на вистинскиот пат: Со околу 147.750 испораки во месец ноември (1% повеќе во споредба со истиот месец минатата година), компанијата го потврди својот силен продажен резултат од претходната година.
Во Европа, производителот на премиум автомобили со седиште во Инголштад, ја зголеми продажбата за 6% со околу 62 300 испорачани возила, и покрај смената на генерации во семејството Audi А4 – бестселерот на брендот. Од почетокот на оваа година до крајот на месец ноември, повеќе од 1.640.000 клиенти низ целиот свет се одлучија за брендот со четири прстени, со што забележан е раст од 3,4%.
“Покрај исклучителните ефекти во Кина и залезот на првата генерација од моделот Q7 во САД, ние сме задоволни со нашите продажни резултати во месец ноември”, изјави Дитмар Фогенрајтер, член на одборот за продажба и маркетинг во AUDI AG и додаде: “Континуирано високата побарувачка за моделите на Audi во Европа и нашата одлична глобална положба, се силен импулс за месеците кои доаѓаат“.

In the picture: the Audi A3 Sportback e-tron