30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБум на жените во светот на милијардерите

Бум на жените во светот на милијардерите

bill zeni 00

Бројот на жените милијардери во светот е зголемен речиси за 7 пати во последните 19 години – од само 22 во 1995-та година до 145 во 2014-та година, покажува извештајот за светското богатство на „UBS“ и „PwC“.

Најголем придонес за растот имаат жените во Азија, кои се зголемија од само 3 во 2005-та година до 25 во минатата година. Повеќе од половина од нив се првата генерација претприемачи.

bill zeni 03

Семејниот бизнис е раководен од жени во Азија почесто отколку во САД и Европа, се наведува во извештајот. 96% од најбогатите жени во Азија се уште се активни и го зголемуваат своето богатство, во споредба со само 57% во САД и 63% во Европа. Во истражувањето се вклучени 1.347 милијардери, а пак се анализирани податоци за последните 19 години и е прикажан ефектот од светската финансиска криза врз состојбата на супер богатите. Од вклучените во листата во 1995-та година, 289 лица, само 126 останале во неа, 66 починале, а богатството на 73 милијардери се стопи поради проблеми со бизнисот или поради други причини. Се уште во клубот на најбогатите доминираат мажите на возраст над 60 години.

За овој период светскиот БДП е зголемен од 30 илјади милијарди долари до над 77 илјади милијарди долари, додека милијардерите во светот успеале да го зголемат своето богатство речиси за седум пати – од 700 милијарди долари до 5.4 илјади милијарди долари.

bill zeni 02222

Според авторите на извештајот – првата генерација го создава бизнисот, втората го прави успешен, а третата го расипува. Податоците покажуваат дека се почесто втората генерација ја потценува вредноста на бизнисот, кој првата генерација го создала.

Оние 126 милијардери, кои успеале да се задржат во листата од 1995-та година заработиле вкупно илјада милијарди долари за овие 19 години во сектори како технологија, финансиски услуги, трговија на мало. Милијардерите во технолошкиот сектор се покажаа како најтрајни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП