3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали ова е најголемиот губитник во светот на бизнисот?

Дали ова е најголемиот губитник во светот на бизнисот?

Money is flying away from businessman

Во моментов „Facebook“ е најпопуларната социјална мрежа во светот и една од најголемите компании со пазарна капитализација од над 300 милијарди долари и над 1 милијарда корисници.

Сега сепак се појави интересна информација според која во 2004-та година социјалната мрежа барала начини да привлече капитал и се обратила кон тогашниот гигант „MySpace“, кој одбива да ја купи не еднаш, туку два пати, пишува „PhoneArena“.

Во 2004-та година основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг се среќава со извршниот директор на „MySpace“ Крис Де Волф за да разговара за можностите за евентуално спојување на двете компании. Предлогот на Цукерберг бил „MySpace“ да ја купи компанијата за 75 милиони долари. Одговорот беше „не“.

Една година подоцна, во есента на 2005-та година, откако „News Corp“ плати 580 милиони долари за „MySpace“, двајцата извршни директори на социјалните мрежи се среќаваат повторно и овој пат Цукерберг го нуди „Facebook“ за 750 милиони долари. Де Волф повторно го одбива овој предлог.

Медиумскиот гуру Руперт Мардок плати за „MySpace“ во 2005-та година цели 580 милиони долари и инвестираше дополнителни средства во развојот на сајтот. Оттогаш се вложуваат големи напори да се зголеми бројот на посетители, а неколку пати беа правени различни предлози за промена во стратегијата и фокусот, се со цел да се постигне конкурентска предност пред други слични проекти. Под раководство на „News Corp.“, сепак мрежата регистрираше се повисоки загуби.

Во наредните години „Facebook“ енормно ја зголеми својата вредност. Во есента на 2007-ма година „Microsoft“ купи 1,6% од „Facebook“ за 240 милиони долари, со што се утврдува проценката на „Facebook“ на неверојатни 15 милијарди долари.

Неколку години подоцна аналитичките компании потврдија дека „Facebook“ привлекува два пати повеќе корисници од „MySpace“ и поранешниот социјален гигант брзо го загуби своето значење. Денес „MySpace“ се споменува само во вицови и шеги, додека „Facebook“ стана составен дел од секојдневниот живот на повеќето луѓе. Главениот извршен директор на „MySpace“, Крис Де Волф најверојатно премногу зажали за своите одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП