10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија сака ревизија на европските санкции кон Русија

Италија сака ревизија на европските санкции кон Русија

putin-renciiii

Италијанскиот премиер Матео Ренци изјавил дека во наредните неколку месеци ќе биде направена ревизија на санкциите кои Европската унија (ЕУ) ги воведе кон Русија, пренесуваат светските агенции.

Претходно, пак, Италија донесе одлука дека ќе го одложи учеството во продолжените економски санкции.

„Јасно е дека постојат одредени позиции во целата меѓународна западна заедница, но мислам дека ревидирањето на пакетот мерки е неопходно, но не во наредните часови, туку месеци“, рекол Ренци, додавајќи дека ќе ги праша своите сојузници за тоа како функционираат новите мерки против Русија.

Европските лидери најверојатно за ова прашање ќе разговараат и на дводневниот Самит во Брисел, а претставниците на ЕУ и Италија навеле дека не очекуваат проблеми кога се работи за тоа одлуката да се санкционира Русија, да биде продолжена на дополнителни шест месеци, пишува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП