19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книгата „Седмиот печат“ од Сунчица Уневска

Промоција на книгата „Седмиот печат“ од Сунчица Уневска

sedmiot pecat 3304

Денес во 19 часот, во Кинотеката на Македонија ќе биде промовирана книгата „Седмиот печат“ од новинарката и филмска критичарка Сунчица Уневска.

Станува збор за прва книга филмски критики, објавувани во текот на годините во „Утрински весник“, во „Пулс“ и во „Кинопис“. Промотори на книгата ќе бидат филмологот Илинденка Петрушевска и писателот Сашо Прокопиев.

Книгата, богата во својата содржина, се навраќа на филмски дела кои оставиле траги во филмската уметност и кон кои вреди одново да се навратиме, да ги гледаме, но исто така да прочитаме за нив текстови како овие во книгава, кои фрлаат на нив знаечки, есеистичко-критичарски поглед. Насловот на книгата „Седмиот печат“ е земен, како што вели авторката во предговорот, од истоимениот филм на Ингрид Бергман, наслов кој станал синоним за филмот воопшто. Една цела глава од книгата, Сунчица Уневска му посветува на македонскиот филм, односно пишува за македонските филмови кои ги одбележале последните дваесет години. Според авторката Уневска, тоа е избор на филмови кои „во никој случај не би требало да се изостават“.

Периодот што го опфаќа овој избор на критики е крајот на 20-ти и почетокот на 21-ви век. Книгата нè навраќа кон филмовите првенствено преку темите, за да следи еден критичко-есеистички приод, анализа и вредносна оценка. Филмовите не се избрани по некаков ред или хронологија, ниту според времето кога настанале, тие се избрани според предизвикот што го понудиле, пред се како голема филмска уметност.

Сунчица Уневска има работено во повеќе медиуми како новинарка и филмска критичарка. Таа е претставник на Македонија во Асоцијацијата на филмски критичари при меѓународната федерација „Фипресци“ и како член на жирито на критиката има партиципирано на повеќе филмски фестивали. Како програмски координатор и селектор има работено на повеќе филмски фестивали во Македонија, а четири години беше и селектор за Македонија на Мотовунскиот филмски фестивал во Хрватска. Таа е автор на брошурата „10 лауреати на Астерфест“ во издание на „Тивериополската филмска алијанса“.

„Седмиот печат“ е издание на изфавачката куќа „Слово“ од Скопје, автор на корицата е Александар Сотировски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП