6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Кореја ja намалува својата цел за инфлацијата и растот

Јужна Кореја ja намалува својата цел за инфлацијата и растот

sk infla 349

Јужна Кореја се закани дека ќе стави крај на периодот со многу ниска инфлација, која се заканува да влијае на економскиот раст на земјата и ја натера централната банка да ја намали својата цел за растот на индексот на потрошувачки цени, пишува „Bloomberg“.

Оваа година, годишната инфлација е во просек под 1% во однос на просечните 2,7% во претходната деценија. Централната банка на Јужна Кореја ја намали целта до 2% од претходната граница 2,5-3,5%.

Освен Министерството за финансии што ја намали прогнозата за економскиот раст во 2015-та година и 2016-та година, и изјави дека почнува да го следи номиналниот бруто домашен производ. Оваа мерка не е прилагоден со ценовните промени и нуди подобар поглед за индикаторите, како даночни приходи и корпоративни приходи.

Централните банки во целиот свет не успеваат да ги достигнат инфлациските цели во позадина на постојаните падови на цените на нафтата. Јужна Кореја не прави исклучок. Рекордните долгови на домаќинствата се другата причина која предизвикува загриженост кај централните банкари и политичарите, како и секое насочување кон дефлација, што ќе го зголеми должничкото оптоварување на Јужнокорејците.

Некои економисти сметаат дека јужнокорејските власти треба да го пренасочат фокусот од експанзионистички фискални и монетарни мерки и дека целта за инфлација од 2% ги става во иста категорија како голем број други држави.

За време на прес-конференција, централните банкари најавија дека планираат да се фокусираат на борбата со ниската инфлација, за да го поддржат заздравувањето.

„Целта од 2% е прифатена од голем дел од развиените земји, вклучувајќи ги Англија, Шведска и Канада, и тоа е цел која може да го охрабри стабилниот економски раст. Сметаме ниво на инфлација од 1% е ниско, а нашата цел е дефинитивно 2%“, коментира заменик-Гувернерот на Централната банка на Јужна Кореја Су Јун Кен.

sk infla 33444

Иако Централната банка на Јужна Кореја ќе направи се што е можно за постигнување на инфлациските цел, не значи дека ќе ги следат монетарните мерки, кога растот на индексот на потрошувачки цени ќе ја достигне целта.

Според зборовите на Су пресметките на централната банка покажуваат дека потенцијалниот раст на Јужна Кореја до 2018-та година ќе биде од 3% до 3,2%.

Економијата на азиската земја ќе порасне за 2,7% во оваа година и 3,1% во 2016-та година, покажуваат ревидираните проценки на Министерството за финансии. И двете проекции се пониски во однос на претходните. Инфлацијата ќе биде 0,7% во 2015-та година и ќе забрза до 1,5% во следната година, покажуваат уште очекувањата на Министерството за финансии на Јужна Кореја.

Во поголемиот дел од годината инфлацијата во Јужна Кореја остана под 1% и покрај четирите намалувања на основната каматна стапка од август 2014-та година, по што стапката падна до 1,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП