14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаздвижен трговски ден

Раздвижен трговски ден

mk berza

Со промет во износ од над 19 милиони денари и вкупно 97 реализирани трансакции заврши денешниот трговски ден на Македонската берза. Најголемо учество во прометот имаше тргувањето со акциите на Комерцијална Банка, ТТК Банка,  Алкалоид и НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.

Пазарот го отвори системски блок со акциите на Комерцијална банка каде се истргуваа вкупно 728 акции по цена од 2.250 денари, што претставува 1,36% пониска цена од последното тргување.

Оваа акција  беше убедливо најтргувана акција со вкупен промет од без малку 12 милиони денари каде се реализираа невообичаено голем број акции во еден ден, односно дури 5278 акции по просечна цена од 2282 денари.

Во фокусот на инвеститорите дефинитивно беше и акцијата на  НЛБ Тутунска банка АД.

Стартот го одбележаа трансакции по цена од 7.799 денари за акција, што претставува раст од солидни 4,06%, додека денот заврши со трансакција од 7.510 денари за акција.

На Македонската берза денес индексот МБИ10 со позитивна вредност од 0,28%.

Победник на денот беше акцијата на ТТК Банка со раст од 4,76%, а следуваше Стопанска банка Битола со пораст од 2,86%. Губитник на денот беше акцијата на Охридска Банка со пад на вредноста од 0,83%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП