3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАУште еден начин да добиете отказ

Уште еден начин да добиете отказ

fire11

Шефовите ќе имаат пристап до профилите на работниците. „ОтпуштиМе“ ќе ги прати и прикажува статусите на корисниците кои ги критикуваат своите шефови и работата на Твитер, па токму поради оваа алатка некои вработени би можеле да добијат отказ. Внимавајте што објавувате.

Иако бројни експерти со години наназад ги предупредуваат корисниците на интернет да внимаваат за што пишуваат на интернет и дека поради само еден „погрешен“ статус на Фејсбук или Твитер можат да влезат во сериозни проблеми, голем број на луѓе и понатака на социјалните мрежи ги критикуваат своите шефови и работата која ја работат.

FireMe (Отпушти ме) е причина повеќе поради која корисниците на Твитер би требало дополнително да се внимателни при објавувањето на оваа социјална мрежа.

Поточно, оваа услуга ги следи и прикажува сите објави на Твитер во кои корисниците споменале нешто неубаво во врска со нивните шефови или работата и ова би можелао да биде интересна алатка за шефовите.

Принципот на работа на оваа алатка е прилично едноставен, така што на главната страна во рубиката „тој сака да добие отказ“, ги прикажува последните објави кои се поврзани со омраза кон газдите и работата, во оваа рубрика се класифицираат и објавите како „Ја мразам својата работа“, „Ќе се пријавам на сите огласи, очајно ја мразам својата работа“, како и бројните пцости упатени кон шефовите кои се класифицираат во четири категории, „мразител“, „ужасни шефови“, „сексуални односи“ и „потенцијални убијци“.

До сега беа забележани бројни случаи во кои вработените добија отказ поради објавите на социјалните мрежи, во кои тие јавно го истакнуваат незадоволството од работата и шефот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП