21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд Македонија “испариле” преку пет милијарди долари, Србија лидер во регионот

Од Македонија “испариле” преку пет милијарди долари, Србија лидер во регионот

dol

Најновиот извештај на американската организација GFI(Global Financial Integrity) обезбедува прецизни информации во врска со нелегалните текови на парите, а добиени се со напредна анализа на билансните плаќања и податоци на меѓународната трговија, која ја објавува Меѓународниот монетарен фонд.

Од земјите во регионот најлошо е пласирана Србија со одлеани дури 40,83 милијарди долари од 2004 до 2013 година.

Хрватска е на 40-то место, каде за десет години се излеале 34,5 милијарди долари.

Бугарија се наоѓа на 47-мо место со изгубени 25 милијарди долари.

Македонија се наоѓа на 88-то место каде “испариле” преку пет милијарди евра во текот од 2004 до 2013 година, според извештајот на американската организација GFI(Global Financial Integrity).

Потоа следува Црна Гора која се наоѓа на 108 позиција од 149, каде илегално се изнесени 2,5 милијарди долари за десет години.

Од 2004 до 2103 најмногу пари илегално се изнесени од Кина, и тоа 1.390 милијарди долари. На второ место е Русија со извадени 1.040 милијарди , а трети се Мексико со 528 милијарди долари.

caa

cbb

ccc

cdd

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП