3 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата порасна кон 39 долари

Цената на нафтата порасна кон 39 долари

nafta 94

Цената на нафтата порасна во вторникот на светските берзи, поттикната од бран купувања кои го покренаа нивното спуштање на најниско ниво од речиси единаесет години, а дополнителна поддршка пружи и слабиот долар.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 55 центи во однос на претходното затворање, на 38,47 долари, а накратко достигна и 38,95 долари. На американската берза со барелот се тргува по 31 цент повисока цена, од 36,62 долари.

„Станува збор за технички купувања. Прилично е јасно дека оние кои ги испразнија позициите тргнаа во купување кога цената на нафтата падна на најниско ниво од 2008 година“, рече Тамаш Варга од лондонски PVM Associates.

Дополнителна поддршка пружи и слабиот долар, кој потона на најниско ниво за седум недели во однос на кошничката валути, што значи дека ја зајакна куповната моќ на имателите на останатите валути, а со тоа и побарувачката.

Во САД, кој во меѓувреме стана водечки производител на нафта на светот, застапниците во Конгресот се приближија вчера до договор за укинување на 40-годишната забрана за извоз на нафта. Доколку започне САД да го извезуваат големиот нафтен вишок ќе се намали притисокот на нивните резерви.

„Сметаме дека укинувањето на забраната на извоз од САД ќе претставува значителна структурна промена. Укинувањето на забраната би можело да помогне за намалување на резервите на сирова нафта“, рече Оливие Јакоб од Petromatrix.

Генералниот секретар на Организацијата на држави извознички на нафта (OPEC) Абдулах ал-Бадри оцени во вторникот дека цената на нафтата нема да се задржи на актуелните ниски нивоа, додавајќи дека би можела да порасне за неколку месеци или за една година.

Одделно OPEC денеска на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка негова нафта во понеделникот изнесуваше 32,60 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП