23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи надоместија голем дел од вчерашните загуби

Европските берзи надоместија голем дел од вчерашните загуби

evropski=berzi

Цените на акциите на европските берзи денес надоместија голем дел од загубите од претходниот ден, благодарение на добрите вести од француските компании.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски компании во 11.00 часот беше во плус 1,6 отсто, откако вчера потона 1,8 отсто, паѓајќи на најниско ниво од октомври.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во плус 1,70 отсто, на 5.973 поени, додека франкфуртски DAX скокна 2,15 отсто, на 10.537 поени, а париски CAC порасна за 2,30 отсто, на 4.575 поени.

Европските инвеститорите ги охрабри вчерашниот раст на цената на акциите на Волстрит, што, пак, се должи на стабилизирањето на цената на нафтата.

Цената на нафтата порасна на американската берза за речиси 2 отсто, а изутрината се движи стабилно на 36,40 долари. И на лондонската берза цената на барелот изутрината благо порасна, на 37,95 долари, откако вчера падна на најниско ниво од декември 2008 година, 36,33 долари.

Најмногу денеска порасна францускиот индекс CAC, што се должи на добрите вести од компаниите.

Така цената на акцијата на Sanofi скокна за 4 отсто, откако фармацевтскиот гигант извести дека ќе замени дел од имотот со компанијата Boehringer Ingelheim.

Силно, за над 8 отсто, скокна цената на акцијата на компанијата Faurecia, откако производителот на автомобилски делови прифати да го продаде својот одел на Plastic Omnium.

Тоа поттикна силен раст на цената на акцијата во целиот европски автомобилски сектор, за што придонесоа и податоците за растот на продажбата на автомобили на европскиот пазар.

Руперт Бејкер, директор во компанијата Mirabaud Securities, вели дека преземањата и спојувањата на компаниите и натаму ќе ги поддржуваат европските берзи, и покрај негативното влијание на ниските цени на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП