12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазмена на Турција и Иран: Злато за гас

Размена на Турција и Иран: Злато за гас

gold

Турција во Иран извезла злато во вредност од 120 милиони долари во февруари, што укажува на заздравување на трговијата со злато во замена за природен гас.

Американците се обидоа да го спречат извозот на злато ви Иран, поради западните санкции кои забрануваат пристап до глобалниот банкарски систем, пренесува Ројтерс.

Турција спрема податоците од институтот за статистика во јануари не продала злато на Иран, бидејки банките и трговците биле фокусирани на спроведување на американските санкции, кои ја контролираат продажбата на скапоцени метали.

САД и дадоа на Турција рок од шест месеци, каде после ќе бидат ослободени од санкциите против трговијата со Иран, но банките и дилерите сеуште работат со претпазливост.

Турција во февруари на Иран му продала злато во вредност од 117,9 милиони долари, додека извозот во Обединети Арапски Емирати, кои во минатото служеа како транзитна рута за пренос на златото во Иран, се зголеми на 402,3 милиони, во однос на јануари кога изнесувало 371 милиони долари.

,,Поради санкциите, никој не сака да привлекува внимание. Тоа е можеби причината зошто извозот во Иран во јануари беше изоставен”, изјави еден турски трговец на злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП