ПочетнаЕКОНОМИЈАМасовна акција за чистење на каналот на Дабничка река

Масовна акција за чистење на каналот на Дабничка река

kanali cistenje prilep 303

Општина Прилеп започна со масовна акција за чистење на каналот на Дабничка река од потегот Оревоечка река, до мостот кај касарните.

Досега комплетно е исчистен потегот до мостот кај типската населба. За две недели ќе се исчисти коритото и до мостот кај касарните, а екипите на приватната фирма „Пела“ користејќи ја есента ќе продолжат со чистењето и во делот на реката во населбата Тризла.

Според  Градоначалникот Марјан Ристески, со ваквиот потег на Владата на РМ која донираше 12 тони нафта и со инвестиција од милион и двеста илјади денари средства обезбедени од ЕЛС Прилеп, ќе се оспособи коритото за проток на истечни води пред претстојните дождови.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП