3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичките летувалишта во Египет се пусти! (фото)

Туристичките летувалишта во Египет се пусти! (фото)

tur egipet

Во приказната за плашливиот град Шарм ел Шеик се раскажува како бомбите, политичките борби и авионската несреќа го направија ова туристичко летувалишта во Египет во место заборавено од Бога. Хотелите се напуштени, плажите – пусти.

Околу 15 милиони туристи го посетиле Египет пред Арапската пролет од 2011-та година. Оваа бројка драстично е намалена на само 9 милиони во минатата година. Нападот на рускиот патнички авион над Синај од Исламската држава ги провоцираше „British Airways“ и „easyJet“ да ги укинат сите летови до 2016-та година.

tur egipet 1

Фотографите го документираа „пустошот“ на египетските одморалишта, каде постојано се зголемува бројката на запуштени објекти. Постојаните терористички настани, политичките немири и авионските несреќи во последно време создадоа постојан хаос во туристичката индустрија на земјата.

Падот на туристите е значителен. Шест милиони луѓе помалку за само три години. Оваа колекција на фотографии открива како изгледа една земја, чија туристичка моќ е претворена во прав и пепел.

tur egipet 2

Сосема пусти плажи, недовршени градби на хотели, со други зборови – една земја во криза.

Сопружниците фотографи Андреа и Магда ја документираа состојбата во одморалиштата во Синајскиот регион. Овие снимки се од Шарм Ел Шеик и Нувеибаа. Двојката поминала 9 месеци, обиколувајќи ја областа и со сопствени очи гледале како пред време функционални хотели ги затвораат вратите еден по еден. Според нив, главен виновник за случувањата е Синајската економија, која целосно се гради врз приходите од туризмот.

tur egipet 3

„Зборував со еден човек од Шарм Ел Шеик, за да ми ја потврди ситуацијата со туристите и тој ми кажа дека речиси и да нема туристи“, вели Андреа.

Тој ја одредува ситуацијата како „многу очајна“, додавајќи дека посетата им наликува на видео игра – влегуваш во просторија и откриваш неочекувани работи. За Андреа глетката во Синајските одморалишта е противприродна. Зградите изгледаат како вештачки.

tur egipet 4

Во интервју тој опишува како масовниот туризам го трансформира Шарм. Денес туристите веќе не се чувствуваат повеќе поврзани со културата на ова место. Роден во Франција, Андреа додава дека Бедуините, кои претставуваат примарно население на Синај, веќе се „мал дел од туристичката економија“.

Фотографиите на брачната двојка се изложени во Париз во „Maison Europeenne de la Photographie“ и можат да бидат разгледани до 17-та јануари 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП