2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФед во среда треба да ги зголеми каматите

Фед во среда треба да ги зголеми каматите

fed

Американската централна банка (Фед) во среда треба да ја подигне референтната каматна стапка, која од избивањето на кризата е на рекордно ниско ниво.

На берзите владее нервоза, но не поради подигнување на каматите, бидејќи тоа е очекувано, туку поради образложението на Фед кое ќе ја следи одлуката, бидејќи во него ќе бидат формулирани предвидувањата кога треба да се уследи ново кревање на каматите.

За сега се очекува дека реферетната каматна стапка, која сега е на 0,25 отсто, ќе биде зголемена на 0,50 отсто, што ќе биде прво подигнување на референтната камата од 2006 година.

Агресивното подигнување на каматната стапка, по која Фед им позајмува пари на другите, ќе ги зголеми каматите кои ги наплатуваат банките од компаниите, што може да ја доведе во опасност американската економија, но и да внесе нестабилност на берзите.

Инвеститорите очекуваат дека Фед ќе најави бавно и постепено кревање на каматите, што ќе овозможи периодична анализа на економијата за да се утврди дали економијата е доволно стабилна да издржи ново кревање на каматите.

Фед ја спушти каматата на рекордно ниско ниво во 2008 година со цел да му помогне на финансискиот систем да ја надмине кризата.

Сега, кога пазарот на труд целосно закрепна, Фед е подготвен да ја врати каматата на нормално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП