26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗакрепнување на Волстрит по растот на цената на нафтата

Закрепнување на Волстрит по растот на цената на нафтата

Wall Street Premarket

Берзанските индекси на Волстрит, по остриот пад минатата недела, остварија раст, благодарение пред се на стабилизацијата на цената на нафтата.

Dow Jones зајакна 103 поени, или 0,60 отсто, на 17.368 поени, додека S&P 500 порасна 0,48 отсто, на 2.021 поен, а Nasdaq 0,38 отсто, на 4.952 поени.

На самиот почеток на вчерашното тргување индексите беа во минус бидејќи инвеститорите се нервозни поради ниските цени на нафтата, што укажува на слабост на глобалната економија, како и за очекувањата дека Fed кон половината на неделата ќе ја зголеми клучната каматна стапка.

Движењето на цената на нафтата на најниско ниво од 2009 година го отвора прашањето колку слабее побарувачката, односно колку забавува растот на светската економија.

Тоа е и главната причина поради која берзанските индекси минатата недела на Волстрит потонаа за над 3 отсто.

Меѓутоа, откако вчера потона на најниско ниво за 11 години, цената на нафтата на американската берза нагло порасна за 1,9 отсто, што поттикна раст во енергетскиот сектор.

Индексот на енергетскиот сектор зајакна отсто, откако од почетокот на месецот загуби над 10 отсто.

Цените на акциите закрепнаа и во другите сектори, при што во девет од 10 сектори имаше раст.

Ослабна само рударскиот сектор бидејќи паднаа цените на акциите на Dow Chemical  и на Du Pont, откако овие две компании постигнаа договор за мега спојување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП