23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБегалците во Германија создадоа нови 376.000 невработени

Бегалците во Германија создадоа нови 376.000 невработени

begalcite 33

Миграциската криза ќе ја зголеми невработеноста во Германија за уште 376.000 луѓе, се наведува во извештајот на Институтот за светска економија на германскиот град Кил. Извадоци од него објави весникот „Билд“.

Најновите податоци за ноември покажуваат дека во моментов Германија е дом на околу 2,6 милиони невработени. Оваа бројка е најниска во историјата на статистиката по обединувањето на Источна и Западна Германија. Бројот на бегалците, кои пристигнале во Германија во 2015-та година, веќе надмина 1 милион луѓе.

Владата одбива да се воведе лимит за новодојденците, но истакна дека долгорочно државата не може да се справи со приливот на мигранти.

Повторно беше нагласена потребата од интегрирање на странците во германското општество, вклучително со учеството во пазарот на труд.

„Ние не гледаме никаква разлика помеѓу бегалците и локалното население. Главната работа се едукација и желбата за работа, а не потеклото“, изјави во интервју за „Билд“ шефот на Федералната служба за миграција и бегалци, Франк-Јирген Визе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП