3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија промовирана на саем за продукција како филмска дестинација

Македонија промовирана на саем за продукција како филмска дестинација

mak film 33309

Македонија деновиве е дел од првиот меѓународен саем за продукција и промоција на локации FOCUS Location and Production event.

Агенцијата за филм на Република Македонија во текот на овие два дена, понеделник и вторник со свој штанд на FOCUS Location and Production event ја промовира Македонија како дестинација за снимање на филмови и поволностите кои нашата земја ги нуди за реализација на филмски, односно телевизиски проекти. Покрај останатото, дел од промоцијата се стимулативните мерки кои се воведени од страна на нашата замја како правото на поврат на средства, ниските даноци, природните и човечките капацитети со кои располага Македонија како и промоција на продукциските и пост-продукциските компании и нивните капацитети се со цел привлекување на странски продукции да снимаат на нашата територија како и развој на филмската дејност во земјата.

FOCUS location and production event преставува саем наменет за професионалци од областа на филмот, телевизијата и рекламирањето и истиот преставува прв настан од вакви размери на кој учествуваат претставници од повеќе од 40 земји. Целта на овој саем е преку присуството на филмски организации (филмски комисии, агенции и сл), продукциски компании и сервис компании од повеќе земји, да се им се понудат информации на сите присутни продуценти и производители каде би можеле да го реализираат својот проект како и кои се фискалните поволности за реализација на истиот.

Во склоп на саемот ќе се одржи и самит (Focus Summit) наменет за производителите, односно извршните продуценти за производство на филмови од целиот свет, на кој ќе се разговара за големиот избор на локации кои индустријата и земјите ги нудат, фискалните поволности во повеќе земји и новите технологии во аудиовизуелната дејност.

Настанот е во организација на The Location Guide кој преставува глобален извор за производство на аудиовизуелни дела и кој повеќе од 20 години е водич во обезбедување на информации на меѓународната аудиовизуелна индустрија за планирање и снимање на нивните аудиовизуелни дела надвор од нивната земја со нудење на голем број локации од сите земји во светот како и нивните поволности кој ги нудат за производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП