Вкупнот промет во тргувањето на Македонската берза на хартии од вредност во понеделникот изнесуваше 6 милиони денари, реализиран преку 67 трансакции, при што се тргуваше со 20 хартии од вредност.
Генерален впечаток на пазарот во изминативе неколку седмици е сé поголемиот оптимизам кај инвеститорите, кој најверојатно се темели на позитивните очекувања за резултатите на компаниите.
Пораст на цената имаа дванаесет хартии од вредност, шест останаа без промена, додека две хартии од вредност имаа намалување на вредностите.
Промет од над милион денари остварија акциите на „Комерцијална банка“ и „НЛБ Тутунска банка“. КМБ се тргуваше по просечна цена од 2.281,07 при што забележа пораст од 0,49 отсто, со истргувани 532 акции, додека кај ТНБ во класично тргување поминаа 50 акции по цена од 7.495 денари (раст од 2,99 отсто), додека преку блок трансакција се истргуваа дополнителни 138 акции по цена од 7.318 денари по акција.
Компаниите „Алкалоид“ и „Макпетрол“ беа единствените кои имаа намалување на вредноста. Конкретно АЛК со 72 истргувани акции по просечна цена од 5.418,83 денари забележа минимален пад од 0,07 проценти, додека МПТ имаше намалување на цената од минимални 0,06 осто со истргувани 20 акции по просечна цена од 16.690,10 денари.