21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската компанија Делфај ќе инвестира во Македонија 15 млн евра

Американската компанија Делфај ќе инвестира во Македонија 15 млн евра

del

Американската компанија „Делфај“ од автомобилскиот сектор во првата фаза ќе инвестира во ТИРЗ Бунарџик крај Скопје 15 милиони евра со што ќе создаде 500 нови работни места, беше соопштено во понеделникот вечерта во Владата каде договорот за реализација на инвестицијата го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мисо и глобалниот директор за оперативни активности на компанијата, Луси Тоскани.

Откако претставниците на компанијата имаа средба со премиерот Никола Груевски, во Владата беше потпишан договорот, за кој Мизо истакна дека претставува инвестиција којашто ќе се одвива во неколку фази и која ќе придонесе за отворање нови работни места.

„Во почетокот компанијата ќе инвестира над 15 милиони евра во нова опрема за производство на електронски компоненти во најпознатите глобални брендови за европскиот пазар“, рече по потпишувањето на договорот, челникот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП