ЕКОНОМИЈА

Македонија со раст од 3,5 отсто во третиот квартал

ekonomija

Република Македонија во третиот квартал од годината остварила стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) од 3,5 отсто, покажуваат проценетите податоци на Државниот завод за статистика.

Најголем пораст  забележан е во Градежништво, 29,4 отсто, по што следат секторите Стручни,научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности, 15,9 отсто и  – Финансиски дејности и дејности на осигурување, 11,7 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2015 година, номинално расте за 3,4%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,4 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 3,3 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2,9 отсто.