26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата потона под 37 долари, се стравува од ценовна војна

Цената на нафтата потона под 37 долари, се стравува од ценовна војна

nafta 222

Цената на нафтата потона денеска на светските берзи за четири отсто, паѓајќи под 37 долари за барел поради се поизразените стравувања дека прекумерната понуда дополнително ќе порасне во следните месеци.

На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за четири отсто во однос на претходното затворање, спуштајќи се на 36,64 долари. Со тоа прв пат од декември 2008 година се спушти под 36,40 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по речиси три отсто пониска цена, од 34,60 долари.

„Цената на нафтата се најде под притисок бидејќи недонесувањето на одлука на Организацијата на држави-извознички на нафта (OPEC) за намалување на производството значи дека и натаму е актуелен проблемот на непрекинато прекумерно снабдување“, констатира Амрита Сен од Energy Aspects.

И на лондонската и на американската берза цената на барелот паѓа секојдневно откако OPEC на 4 декември се откажа од политика на дефинирање на производен плафон. Во изминатите шест трговски дена цената падна за вкупно 13 отсто.

Нивото на производство во OPEC е близу рекордното откако минатата година картелот одлучи да ги истисне од пазарот производителите со повисоки трошоци, како оние во САД кои произведуваат нафта од шкрилци.

На почетокот на следната година нафтените пазари веројатно ќе ги преплави и иранската нафта, откако на оваа членка на OPEC и беа укинати санкциите.

„Освен количините кои ќе бидат пуштени од магацините, Иран веројатно ќе биде во можност да го зголеми производството на сирова нафта и деривати наменети за извоз за најмногу 700 илјади барели дневно до крајот на 2016 година“, смета истражувачкиот тим на BMI.

Иранскиот извоз на сирова нафта на добар пат е во декември да достигне највисоко ниво за шест месеци, со оглед дека клиентите го зголемуваат купувањето во очекување на укинувањето на санкциите на почетокот на наредната година, вели за Reuters извор од нафтената индустрија од Иран, запознаен со распоредот на утовар на танкерите.

Производителите во Персискиот залив и Русија од претходно нагласија дека нема да го намалат производството, дури ниту во случај цената да падне на 20 долари по барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП