18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на европските берзи по позитивните сигнали од Кина

Раст на европските берзи по позитивните сигнали од Кина

evropski-berzi-euroberzi

Денеска цените на акциите на европските берзи пораснаа, потпомогнати од податоците кои укажуваат на стабилизација на кинеската економија, а најголемите добитници се производителите на ветроелектрани по постигнувањето на спогодбата за климата.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу пладне беше во плус 0,9 отсто, откако во петокот потона за над 2 отсто, потонувајќи на најниско ниво за два месеца.

Истовремено, лондонски FTSE индекс беше во плус 0,5 отсто, на 5.981 поен, франкфуртски DAX за 0,4 отсто, на 10.381 поен, а париски CAC за 0,98 отсто, на 4.594 поени.

Берзанските индекси минатата недела остро паднаа бидејќи цената на нафтата потона на најниско ниво за речиси седум години и бидејќи инвеститорите ги загрижија новите сигнали за забавување на растот на кинеската економија.

Во меѓувреме, изутрината беше објавено дека кинеската индустриска активност во ноември пораснала на најниско ниво во последните пет месеци, што сигнализира дека поттикнувачките мерки на кинеската влада влијаат на стабилизација на втората по големина светска економија.

„Охрабрувачка е веста дека кинеската економија се чини дека се стабилизира“, изјави Герхард Шварц, челник на одделот за стратегија и управување со акционери при Baader Banc.

Најмногу вчера пораснаа цените на акциите на производителите на турбини Vestas Wind, Nordex и Games, помеѓу 2 и 4,7 отсто, бидејќи инвеститорите сметаат дека овие компании ќе бидат најголемите потенцијални добитници од постигнатиот глобален договор за климата.

Сепак, и натаму се тргува воздржано со оглед дека во текот на неделата се очекува прво намалување на каматните стапки во САД од 2006-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП