4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗасадени 360 листопадни дрвја во рамки на есенската акција за садење на...

Засадени 360 листопадни дрвја во рамки на есенската акција за садење на територијата на Скопје

drva sadenje 33

Околу 360 листопадни дрвја во вториот дел на Парк Македонија, во рамките на есенската акција за садење 5.000 дрвја на територијата на градот Скопје, беа засадени денеска.

Во акцијата се вклучија Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо  Јакимовски, советници од Советот на Град Скопје, директори на јавни претпријатија и ученици од средните училишта.

„Во есенската акција на Градот Скопје ќе бидат засадени 5.000 садници по булеварите и во сите општини, односно во дрворедите на булеварите, во парковите и во блоковското зеленило во општините“, рече градоначалникот Трајановски.

Тој додаде дека на заинтересираните урбани и месни заедници и куќни совети Градот Скопје додели околу 4.000 садници, во две акции, пролетна и есенска.

„Во текот на изминативе години, односно од 2009 година до сега на територијата на градот имаме засадено околу 70.000 садници, а и следната година планираме да засадиме околу 5.000 садници и да подигаме нови зелени површини“, рече Трајановски.

Градоначалникот на Општина Карпош го изрази своето задоволство од одличната досегашна соработка со Градот Скопје и посочи дека таа ќе продолжи и во иднина, особено за проекти кои ќе ја подобрат животната средина на жителите на неговата општина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП