25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте вредноста на Bitcoin

Расте вредноста на Bitcoin

bitcoins_1020_large

Вкупната вредност на сите „Bitcoin“ монети премина една милијарда долари, а претходно во текот на минатата недела курсот на оваа дигитална валута изнесуваше 92 долари. Овој рекорд дојде заедно со доближувањето на вкупниот број на издадени „Bitcoin“ до 11 милиони монети. Оваа вредност на „Bitcoin“ е огромен скок во однос на минатиот месец кога курсот на оваа дигитална валута изнесуваше 32 долари.

Во меѓувреме вкупната вредност на сите „Bitcoin“ се спушти под милијарда долари, но според експертите минималните промени биле очекувани. Ова значително зголемување на цената на „Bitcoin“ има врска со автоматската заштита од инфлација која е активирана во ноември, кога вкупниот број на „Bitcoin“ монети дојде до 10.5 милиони. Со овој метод е отежнат процесот за добивање нови „Bitcoin“ монети со што автоматски се зголеми вредноста на оваа дигитална валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП