2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција: „Тројката“ не бараше да не се исплаќаат некои категории пензионери

Грција: „Тројката“ не бараше да не се исплаќаат некои категории пензионери

yannis-vr

Грчкиот министер за труд Јанис Вруцис ги демантираше извештаите во некои медиуми дека „тројката“ побарала да се запре исплатата на пензии на пензионерите под 60 години.

Вруцис рече дека претставниците на „тројката“ досега воопшто не го покренале тоа прашање и додаде дека Владата никогаш не би одобрил таква мерка, јави дописникот на МИА од Атина.

Пратеникот на опозициската Сириза Димитрис Стратулис веднаш ја искоментира изјавата на Вруцис истакнувајќи дека „демантот на Владата не е убедлив“.

Тој потсети дека Владата, исто така, негираше оти минималната плата ќе биде дополнително намалена, но сега отвара пат за понатамошни намалувања, со цел да дојде до 150 евра месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП