4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуркменистан, Авганистан, Пакистан и Индија градат нов гасовод

Туркменистан, Авганистан, Пакистан и Индија градат нов гасовод

lideri gasovod 22

Лидерите на Туркменистан, Авганистан, Пакистан и Индија го одбележаа во неделата почетокот на изградбата на 10 милијарди вреден гасовод кој би требало да ги ублажи енергетските дефицити во јужна Азија и да ја намали напнатоста во поделениот регион.

Почетокот на работите на гасоводот одбележан е со свеченост во пустината Каракум во близина на градот Мари во Туркменистан.

На свеченоста присуствуваа туркменистанскиот претседател, Гурбангули Бердимогамедов, неговиот авганистански колега Ашраф Гани, пакистанскиот премиер Наваз Шариф и индискиот потпретседател Хамид Ансари.

„Денеска бевме актери и сведоци на историски настан. Денешниот ден одбележува почеток на голем проект-гасоводот TAPI“ изјави Бердимогамедов.

Во Туркменистан очекуваат дека гасоводот со годишен капацитет од 33 милијарди кубни метри ќе биде довршен до крајот на 2018 година. Бердимогамедов истакна и дека вчерашниот ден означи почеток на третата фаза од развојот на гасното поле Галкиниш, ресурсна база на идниот гасовод.

Галкиниш е второ по големина гасно поле на светот, а следната фаза од развојот, покрај Туркемистан, ќе ја надгледуваат конзорциуми од јапонски и турски компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП