17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство во еврозоната

Раст на индустриското производство во еврозоната

proiz zica

Индустриското производство во еврозоната забележа раст од 0,6% на месечна основа во октомври, покажуваат сезонски прилагодените податоци на „Еуростат“. Во целата Европска унија зголемувањето изнесува 0,5%. Во септември индустриското производство во еврозоната се намали за 0,3% и остана стабилно во ЕУ.

На годишна основа порастот во октомври во монетарната унија е 1,9%, а во целата ЕУ – 2,4%.

„Еуростат“ наведува дека месечното зголемување во еврозоната се должи на растот на производството на трајни стоки (1,8%), капитални стоки (1,4%), енергија (0,6%) и расипливи производи (0,4%).

Најголем раст на месечна основа е регистриран во Литванија (+ 11,3%), Холандија (+ 4,3%), Португалија (+ 3,9%) и Ирска (+ 3,4%), а најголем пад – во Грција (-1,2%), Данска и Финска (-0,9% и во двете земји).

Зголемувањето на индустриското производство во еврозоната на годишна основа се должи на растот на трајни производи за широка потрошувачка (+ 4,2%), капитални стоки (+ 3,5%), лесно расиплива стока за широка потрошувачка (+ 0,7%) и енергија (+ 0,2%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП