14 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина станува акционер во ЕБОР

Кина станува акционер во ЕБОР

ebor121

Кина наскоро ќе стане акционер во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Соодветното решение може да биде донесено во рок од една недела.

Ова утрово го објави јапонскиот телевизиски канал „NHK“, цитиран од агенциите.

ЕБОР е основана во 1991-ва година главно за помагање на земјите од поранешниот Советски Сојуз и Источна Европа. Таа се занимава особено со големи инфраструктурни проекти.

Акционери, освен европските земји, се САД и Јапонија.

Пекинг поднесе барање за членство во банката уште минатиот месец. Вклучувањето на Кина во оваа структура ќе придонесе за нејзината стратешка визија за создавање на нов „Пат на свилата“ меѓу Источна Азија и Европа во форма на серија на меѓусебно поврзани транспортни и индустриски проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП