18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Илинден

Граѓаните учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Илинден

jak

Во рамките на планирањето на Буџетот за 2016 на Општина Илинден се одржа форум на кој граѓаните имаа можност со своето партиципативно учество да придонесат во креирањето на Буџетот, преку посочување на приоритетните проекти во нивните населени места.

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, заблагодарувајќи им се на присутните за учеството на Форумот посебно го истакна значењето на граѓанското учество во креирањето на буџетот.

„Граѓанското учество е неопходно во креирањето на буџетот зошто граѓаните во нивните населени места најдобро знаат кои им се приоритетите во насока на подобрување на квалитет на животот.  Проблеми секогаш имало, има и ќе има, но затоа ние сме тука да изнаоѓаме решенија. Решенијата некогаш се поедноставни, бараат помалку финансиски средства, но има и проекти кои што бараат повеќе средства. Затоа, целта е со подобра распределба на средствата да постигнеме поголем ефект. Тоа ќе го направиме со ваше директно учество како и досега“, истакна Стојановски.

Тој додаде дека Буџетот располага со ограничени средства, па затоа во рамките на можностите тие треба оптимално да се искористат, за што е неопходно да се дефинираат приоритетите.

Општина Илинден на овој начин уште еднаш ја искажа својата транспарентност, излегувајќи им во пресрет на барањата на граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП