11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа прв пат во Македонија-Конференција за неуспесите на успешните -iFail (Јас грешам)

За прв пат во Македонија-Конференција за неуспесите на успешните -iFail (Јас грешам)

fail

Минатата недела, на  10-ти декември, за прв пат во Македонија, се одржа првата конференција за неуспесите на успешните, наречена iFail (Јас Грешам). Настанот беше во организација на скопскиот хаб на Global Shapers- иницијатива на Светскиот економски форум.

Познати по своите исклучителни кариери и успешни компании, Коста Петров (основач и извршен директор на Пи Ворлд), Мирјана Марковска (ко-основач и менаџмент партнер на адвокатска канцеларија Марковска & Андревски), Хајан Селмани (извршен директор на ХАСЕЛТ) и Благица Петрески (извршна директорка на Фајнанс тинк) споделија приказни кои јавноста никогаш немала можност да ги слушне. Приказни за нивните грешки и неуспеси- за моментите кои се дел од животот на секој успешен човек, но се најчество невидливи за останатите.

fai

За прв пат во Македонија, јавноста имаше можност да чуе за грешките и неуспесите на успешните луѓе преку настанот iFail (Јас грешам). Во општество каде неуспехот е табу тема, асоцирана со срам и страв,  скопскиот хаб на Global Shapers сака да им претстави на младите луѓе реална слика за успехот, каде грешките се составен дел од процесот на учење и неуспехот е неизбежен дел од сечија кариера.  Целта е тие да се охрабрат да ги следат своите соништа и да се впушат во нови предизвици, без страв од ризикот кој доаѓа со нив.

 

Хабот на Global Shapers од Скопје изјави:

„ Благодарни сме за интересот и присуството на огромен број на млади луѓе на овој настан. Благодарни сме и на говорниците што беа првите што „го скршија мразот“ и споделија одлични приказни. Преполната сала на МИТ Универзитетот и многуте прашања до говорниците се индикатор дека во Македонија имаме потреба да разговараме искрено и на оваа тема. Ние ќе продоложиме со организација на iFail настаните и ги покануваме сите кои сакаат да предложат говорници да ни пишат на [email protected] . “

Идејата за овој настан потекнува од Мексико Сити во 2012 година каде пет претприемачи биле заситени да слушаат и зборуваат за своите успеси и одлучиле да ги споделат своите грешки (Fuck ups). Денес, FuckUp Nights се одржува секој месец низ повеќе од 100 градови и на секој континент од светот, освен Антартика. Во рамки на настаните секој говорник има 7 минути и 10 слики да говори за својата грешка.

fa

Global Shapers е младинска локалнa иницијатива на Светскиот Економски Форум која поттикнува и превзема иницијативи за општествена одговорност и промена во заедниците и овозможува видливост на исклучителни постигнувања и успешни личности од земјата и светот.

Скопскиот хаб на Global Shapers е дел од мрежа на 454 хабови во целиот свет.

Во хабовите членуваат селектирани млади и успешни луѓе, од најразлични профили, кои имаат заедничка желба волонтерски да придонесат кон развојот на нивните заедници и се обединети во заедничката желба за канализирање на огромната енергија и ентузијазам на младите во градењето на помирен и инклузивен свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП