22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЌе се гради пивовод долг 3,2 километри

Ќе се гради пивовод долг 3,2 километри

beer

Белгиската пивара De Halve Maan започна со изградба на 3,2 километри долг пивовод што ќе служи за транспорт на овој пијалак од центарот на Бриж, до периферијата на градот.

Производителот, чие најпознато пиво е Brugse Zot, се надева дека таа иницијатива ќе го поттикне, како проширувањето на компанијата, така и зачувување на старото јадро на Бриж, кое ќе биде ослободено од транспортот на пивото со камиони.

Изградбата на пивоводот ќе чини четири милиони евра, а сите што учествувале во финансирањето на тој проект имаат право на едно бесплатно пиво дневно, иако не се прецизира на колкав временски период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП