1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК ќе додели признанија за Македонски квалитет за 2015

ССК ќе додели признанија за Македонски квалитет за 2015

za

Сојузот на стопански комори на Македонија, денеска ќе додели Признанија за Македонски квалитет за 2015.

Доделувањето на признанијата е под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Согласно воспоставените критериуми ќе бидат доделени 10 признанија за македонски квалитет 2015 година.

Оваа манифестација како традиционален настан ќе се одржува во декември во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските компании за тековната година.

Од ССК информираат дека Комисијата составена од членови на Кабинетот на Претседателот согласно прецизно воспоставени критериуми, внимателно ги селектираше македонските инвеститори кои имаат традиција во создавање македонски бизнис идентитет и се амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот квалитет на национално и глобално ниво за што го добиваат признанието за 2015. скс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП