23 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина актерката Роуз Сигинс од „Американската хорор приказна“

Почина актерката Роуз Сигинс од „Американската хорор приказна“

ro

Американската актерка Розмари Сигинс, која се здоби со светска слава по улогата на Безногата Сузи во популарната телевизиска серија „Американската хорор приказна“ (American Horror Story: Freak Show), почина на 43-годишна возраст во Денвер, во сојузната држава Колорадо, објави во неделата нејзиниот агент Џејмс Мален.

Без да ја соопшти причината за смртта на актерката, Мален напиша дека „Сигинс се одликуваше со редок неверојатно силен карактер“. Според него, зад неа останале мноштво неисплатени лекарски сметки. За да ги исплати долговите и за собирање донации за образованието на нејзините две деца, отворена е специјална сметка и веб-сајт на интернет.

Роуз Сигинс е родена со ретка болест, вродено отсуство на крсната коска (сакрум), поради што нејзините нозе биле сериозно деформирани и не реагирале на надворешни дразби. Нејзината мајка, кога имала две години, решила да ѝ ги ампутираа долните екстремитети.

„Ова визионерско решение ми овозможи релативно нормално детство“, изјави во една пригода актерката. Таа се движеше со скејтборд, а нејзина страст беа моторите и моќните машини. Болеста не ја спречи, исто така, да се омажи и да има деца.

Тешкиот животен пат на актерката е доловен во документарниот филм „Жената – половина“ (The woman with Half a Body), кој беше емитуван на американските телевизии во 2005 година.

Телевизијата FX, за која се снимаше серијата „Американската хорор приказна“, објави соопштение во кое изрази жалење поради смртта на Сигинс. „Сите ја сакавме. Таа беше добар човек, сакана мајка и многу талентирана актерка“, наведе телевизијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП