16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУдвоено влијанието на интернет работењето врз економијата на САД

Удвоено влијанието на интернет работењето врз економијата на САД

images

Влијанието на интернет работењето врз американската економија се удвоил од 2007 година и тоа сега придвижува најмалку шест отсто од вкупната активност на најголемата светска економија, покажа истражувањето на консултантската фирма Economists Incorporated.

Инаку, ова истражување го нарачале американското здружение на интернет компании, меѓу кои Facebook, Amazon, Airbnb, Twitter, Uber, Yahoo и Yelpa.

Истражувањето покажа дека онлајн секторот е заслужен за 966 милијарди долари економски активности минатата година и за околу три милиона работни места.

„Реално, бројот на работни места во интернет секторот е удвоен, придонесот во бруто домашниот производ(БДП) е повеќе од удвоен, а платите на вработените во тој сектор далеку го надминуваат државниот просек“, рече Мајкл Бекерман, претседател и извршен директор на трговското здружение.

Интернет произведе поголем дел од многуте економски сектори, вклучувајќи го градежништвото, компјутерските и електронските производи, телевизијата и телекомуникациите, како и услугите во делот на сместување и прехрана.

„Просечната годишна заработувачка во интернет секторот изнесува 79,18 илјади американски долари, во споредба со просечната годишна плата во САД од 61,55 илјади долари“, соопштуваат од Economists Incorporated.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП