29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилуанов: Нафтата ќе падне и под 30 долари за барел

Силуанов: Нафтата ќе падне и под 30 долари за барел

oil

Побарувачката и цената на нафтата ќе продолжат да паѓаат, а во некои периоди дури и под нивото од 30 долари за барел, соопшти рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Тој потсети дека Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) оваа година по четврти пат ја ревидираше прогнозата за намалување на растот на економијата, што укажува дека побарувачката за нафта ќе се намалува.

„Забележуваме дека поголемиот обем на производство на нафта и појавувањето од следната година на нафтениот пазар на нови играчи, како што е Иран со обем од еден до 1,5 милиони барели дневно, зборува за тоа дека ниските цени на нафтата ќе доминираат следните години и дека можеби во одредени периоди ќе изнесува и 30 долари за барел, а можеби и помалку“, рече Силуанов.

Тој додаде дека рускиот буџет за следната година е формиран според цената на нафтата од 50 долари за барел, додека таа сега падна на 37 долари за барел.

„Гледаме дека ситуацијата покажува оти има вишок на нафта во светот. Нема разработена политика меѓу членките на Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК), каде што секој работи сам за себе и го освојува пазарот на нафта, што доведува до дампинг и понатамошно поевтинување на нафтата“, рече Силуанов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП