17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Како денес изгледа пренаселениот клуб на „еднорози“?

График на денот: Како денес изгледа пренаселениот клуб на „еднорози“?

ipo ednorozi 3

„Еднорог“, термин за приватен технолошки „стартап“ со вредност барем од 1 милијарда долари, кој претстои да стане јавен, би требало да се митски суштества.

Во најдобар случај би требало тие да се толку малку, дека компаниите за финансиски капитал се радуваат, ако успеат да земат удел од некој „еднорог“, коментира „VisualCapitalist“.

Но вистината е дека „еднорози“ веќе ниту се толку ретки, ниту пак се толку митски. Според листата во реално време на „CB Insights“ на глобално ниво во моментов има 145 „еднорози“. Со други зборови ексклузивниот клуб на „еднорози“ станува пренаселен.

И сепак еден од најчудните членови на клубот најде излез надвор.

Компанијата „Square“, истакнат член на клубот, управувана од коосновачот на „Twitter“, Џек Дорси од почетокот на 2011-та година, конечно оствари иницијална јавна понуда (Initial Public Offering – IPO) пред еден месец, имајќи ги во предвид мешаните резултати. Компанијата привлече 9 долари по акција на јавниот пазар, што е многу под последниот собран приватен капитал од 15,46 долари за акција. Денес таа се тргува за околу 12 долари, што покажува дека се уште има оптимизам кон овој тип технолошки компании.

„IPO“-то на „Box“ во јануари 2015-та година, исто така испрати мешани пораки. Нејзината приватна проценка беше за 2,4 милијарди долари, но нејзината оценка од „IPO“-то изнесува 1,7 милијарди долари. Во првите денови на тргување таа скокна до 2,7 милијарди долари, но потоа повторно се намали до ниво под „IPO“-то, бидејќи периодот за продажба од инсајдерите истече во текот на летото.

Дали се уште има интерес кон „еднорозите“ или тој почнува да бледее?

Можеме да се согласиме дека многу од овие компании имаат големи можности пред себе. Многу се шират со опасна брзина, а други почнуваат да наоѓаат начини да ги реализираат своите понуди. Прашањето е дали сепак има навистина простор за стотици од овие компании?

unicorns-club-full1111

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП