2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDuPont и Dow Chemical ќе се спојат во една компанија вредна 130...

DuPont и Dow Chemical ќе се спојат во една компанија вредна 130 милијарди долари

hemija 33

Американските хемиски гиганти „DuPont“ и „Dow Chemical Co.“ постигнале договор за спојување во трансакција која ќе биде платена целосно во акции и ја оценува новоформираната компанија на 130 милијарди долари. Се планира последователно таа да биде поделена на три компании, објави „Ројтерс“.

Договорот, кој најверојатно ќе потпадне под строга регулаторна контрола, ќе и овозможи на новата компанија – идната „DowDuPont“, да реорганизира средства со оглед на планираната поделба. Тоа ќе создаде компании со фокус врз земјоделството, хемиските материи и специјализираните производи.

Акционерите на „Dow“ и на „DuPont“ ќе држат околу 50% од „DowDuPont“.

Главниот извршен директор на „DuPont“ Ед Брин ќе го заземе истиот пост во новата компанија, додека директорот на „Dow Chemical“ Ендрју Ливерис ќе биде извршен претседател.

Акционерите на „Dow Chemical“ ќе добијат по една акција на „DowDuPont“ за секоја акција на „Dow Chemical“, која поседуваат, а оние на „DuPont“ ќе добијат по 1,282 акции на „DowDuPont“ за секоја своја вредна акција на „DuPont“.

Акциите на „DuPont“ поевтинија за околу 4% до 71,60 долари за готовина за време на прелиминарната трговија во петокот, додека оние на „Dow“ поскапеа за 1,6% до 55,77 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП