13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајбараните работни места во моментов

Најбараните работни места во моментов

doktori1

На светскиот пазар на трудот во овој момент, според некои проценки, има околу 200 милиони емигранти, односно луѓе кои поради работата заминале од својата татковина.

Според истражувањето за мобилноста на работната сила и можностите за вработување, постојат неколку професии во кои во моментов се бележат големи успеси.

1.Инженери

Информатичари бараат во Австрија, Белгија, Чешка, Данска и Франција. Високообразовани професионалци, инженери на сите струки, се ценети и барани во цела Европа. Особено се барани инженерите во градежништвото, електротехниката, електрониката, хемијата, рударството, како и инженерите на оперативни системи, дизајнери и програмери.

2.Бел мантил

Медицинските експерти, а во таа категорија влегуваат докторите и медицинските сестри, се најбарани во глобалниот пазар на трудот. Во овој момент во речиси 21 земја владее сериозен дефицит од овие професии.

Медицинските сестри најмногу се барани во Германија, Австрија, Унгарија и Швајцарија.

3.„Златни раце“

Надвор од ЕУ има голема потреба од физиотерапевти, кои без проблем ќе пронајдат работа во Австралија, Канада, Нов Зеланд и САД, а во Европа, најмногу се потребни во Белгија.

Проценките базирани на економската состојба во ЕУ во 2008 година, говорат дека Европската унија во наредните 37 години, ќе има потреба да вработи 56 милиони емигранити, со цел да ги задоволи потребите од одредени видови на персонал во сите земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП