20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја фали Британија, со еден исклучок

ММФ ја фали Британија, со еден исклучок

659280352566ac55c304c6633118230_w640

Меѓунарoдниот монетарен фонд (ММФ) изнесе позитивна оценка за состојбата на британската економија, но предупреди дека потенцијалниот излез од Европската унија ќе ја загрози економијата.

ММФ наведе дека британската економија речиси ги исполнила своите капацитети, со проценка дека силниот раст ќе продолжи и во наредните пет години, додека инфлацијата, која сега е минус 0,1 проценти, постепено ќе се искачува кон целното ниво од два проценти, пренесува агенцијата АП.

Во извештајот се наведува дека планираниот референдум за останувањето во ЕУ внесува елементи на неизвесност, но дека засега британската економија има силен раст, рекордна вработеност и дека ја проправила штетата направена во текот на глобалната финансиска криза.

Директорката на ММФ, Кристин Лагард, изјави дека сака Велика Британија да остане во ЕУ, пренесува Гардијан.

Претставувајќи го извештајот, Лагард изјави дека постојат ризици по изгледите на британската економија, меѓу кои се високите цени на недвижнините, но дека извештајот е генерално позитивен.

„Британската власт успеа да ја поправи штетата од кризата на начин на кој малку земји тоа успеаа да го направат“, изјави Лагард која му го претстави извештајот на министерот за финансии на Британија, Џорџ Озборн.

Лагард изјави дека ММФ ќе ги разгледа различните сценарија од исходот на референдумот за членството во ЕУ, но дека таа лично „многу, многу се надева дека Велика Британија ќе остане во ЕУ“.

ММФ во извештајот препорача референтаната каматна стапка да остане на рекордно ниските 0,5 проценти додека не се појават јасни знаци за инфлаторен притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП