4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанскиот БДП бележи раст од 2,02 проценти

Албанскиот БДП бележи раст од 2,02 проценти

tirana

Бруто домашниот производ (БДП) на Албанија во 2014 година изнесуваше 10,01 милијарди евра, што е за 2,02 проценти повеќе во однос на 2013 година, покажуваат прелиминарните податоци на Националниот институт за статистика Инстат.

Врз основа на овие резултати, БДП по глава на жител во 2014 година изнесувал 3,457 евра, а една година претходно 3,323 евра.

Гледано според сектори, главен придонес за тој раст даваат професионалните услуги и административните услуги, трговијата, превозот, сместувањето и услугите за храна, како и земјоделството, шумарството и рибарството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП