9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто мора да направите за да му се допаднете на работодавецот

Што мора да направите за да му се допаднете на работодавецот

intervju-za-rabota

Директорот за човечки ресурси на најпосакуваната компанија за работа „Google“, Ласло Бок секоја недела вработува 100 нови лица. Тој ги петстави своите методи кои ги користи при оценување на кандидатите и истакна што е тоа што мора да го направите за да му се допаднете на работодавецот.

Поентата е во она што знаете да го работите – Супер е ако имате диплома од факултет, но не го истакнувајте факулетот, туку истакнете го она што знаете да го работите.

Понекогаш потребно е да бидете упорни – Никогаш не одете по полесниот пат, сите ги сакаат луѓето кои се подготвени за предизвици и оние кои го избираат потешкиот пат.

Бидете запознаени со основите – Првите работи кои ги истражува Ласно се когнитивните способности на учењето и решавањето на проблемите, мора да ги познавате основните работи и да имате способност за брзо учење.

Креативноста е супер, но не е доволна – Луѓето природно се креативни, но доколку го споите креативното и логичното сигурно дека ќе се издвоите од останатите.

Претставете се подобро од другите – Повеќето луѓе ќе напишат „Пишував статии за Њујорк Тајмс“. Но, подобро е да напишете, во претходните три години напишав 50 статии во споредба со просечните 20 кои ги напишаа останатите новинари, истакнете го вашиот квалитет во однос на другите.

Бидете искрени и такви какви што сте – Финалниот трик на разговорот е вашите мисли да бидат кристално јасни и вие да ги искажете онакви какви што се. Повеќето луѓе не го кажуваат јасно она што го мислат и се преправаат со цел да остават подобар впечаток, тука прават грешки и го нарушуваат мислењето на работодавецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП