23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМирен завршеток на берзанската недела на Македонска берза

Мирен завршеток на берзанската недела на Македонска берза

mk berza kke

Македонската берза тргувањето во петокот го заврши во зелена територија, со вкупен промет од 10,5 милиони денари.

Овој промет главно се должи на блок трансакцијата со акциите на „Скопски пазар“ при што се истргуваа 670 акции по просечна цена од 8.000 денари. Промет од над милион денари оствари и акцијата на „Макпетрол“ АД Скопје, при раст на вредноста од 0,10 отсто. Во вчерашниот ден бројот на истргувани акции од оваа компанија дефинитивно го надмина дневниот просек, односно беа реализирани 71 акција.

Повторно се зголеми интересот и за акциите на „Алкалоид“ АД Скопје, каде од почетната цена 5.401 денари на крајот од денот акцијата стигна до вредност од 5.450 денари, што претставува пораст од 0,42 отсто.

И во петочното тргување беше поголем бројот на компаниите кои се најдоа на добитничката листа, што допринесе МБИ-10 да ја зголеми својата вредност за 0,18 отсто.

Градежната компанија „Бетон“ АД Скопје, во петокот, излезе со објава на Одлука за избор на членови на Одбор на директори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП