21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСрбија се откажа од продажбата на Телекомот, незадоволна од понудите

Србија се откажа од продажбата на Телекомот, незадоволна од понудите

телеком-србија

Србија се откажа од продажбата на Телекомот бидејќи никој од учесниците во натпреварувањето не понуди прифатлива цена, соопшти во петокот српскиот премиер Александар Вучиќ.

„Иако добивме добра понуда, сфативме дека таа не е доволно добра за да одиме на приватизација на Телеком Србија“, рече Вучиќ по владината седница.

За преземање на мнозинскиот пакет од 58 отсто на Телекомот пристигнале шест задолжителни понуди, меѓу кои се издвои една, но и таа цена која беше понудена не е прифатлива, рече Вучиќ, одбегнувајќи да даде детали за потенцијалните купци.

Пред четири години Телеком Србија беше проценет на 2,2 милијарди евра, а тогашната влада за пакет од 51 отсто бараше минимум 1,4 милијарди евра, но единствен понудувач беше Телеком Австрија, кој понуди 1,1 милијарди евра.

Откако ја соопшти едногласната одлука на српската влада дека Телекомот нема да биде продаден, премиерот Вучиќ рече дека сега претстои реструктуирање на компанијата за да може да „победува на пазарот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП