24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФондацијата „Никола Кљусев“ ги додели наградите за проектот „Творам за Македонија“

Фондацијата „Никола Кљусев“ ги додели наградите за проектот „Творам за Македонија“

niknik'

Фондацијата „Никола Кљусев“ четврта година по ред ги додели наградите за проектот „Творам за Македонија“ кои ги добија најуспешните творби на ученици од основните и средните училишта.

Проектот „Творам за Македонија“ има за цел да го поттикне творештвото и креативноста на учениците кои оваа година пишуваа поезија и проза на темата „Мојата иднина ја создавам јас”.

Низ стихови и прозни творби младите ги изразија своите искрени чувства и размислувања за својата иднина. Жирито беше доведено пред сериозен предизвик да ги избере првите меѓу најдобрите и затоа одлучивме да наградиме по пет најдобри творби од средните и од основните училишта.

„Мило ми е што секоја година сѐ повеќе училишта и ученици земаат учество во она што веќе прераснува во етаблирана манифестација, што ја организираме традиционално“, истакна директорката на Фондацијата, Маргарита Неновска

„При определувањето на овогодинешната тема се водевме од познатата мисла на нашиот патрон Никола Кљусев: „Секој човек е градител, носител и уривач на својата среќа, на своите радости и на своите тегоби и страдања, на својата судбина.“ Пристигнатите творби, а особено наградените, зрачат со длабоки емоции и размислувања за тоа како младите ја гледаат и создаваат својата иднина,“ , рече Неновска

Наградените ученици, покрај книги и сертификат за учество, добија и стипендии за школување, па учениците од основните училишта добија стипендија да го продолжат своето образование во приватното средно училиште САБА, Скопје, додека учениците од средните училишта добија ваучер со 25% попуст за тригодишно студирање на Американ колеџ, Скопје.

Проектот „Творам за Македонија“ се организираше со поддршка од Министерство за култура

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП