26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се спушти кон 39 долари

Цената на нафтата се спушти кон 39 долари

nafta 4839

Цената на нафтата се спушти денеска на светските берзи кон 39 долари за барел, откако Меѓународната агенција за енергетика IEA прогнозираше можен натамошен пад на прекумерното снабдување во 2016-та година.

На лондонската берза, цената на барелот падна 50 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 39,23 долари. На американската берза со барелот се тргува по 35 центи пониска цена, од 36,41 долар.

Нафтениот пазар го притисна предупредување на IEA дека растот на побарувачката ќе почне да забавува.

„Потрошувачка веројатно достигна кулминација во третиот квартал и се очекува растот на побарувачката во 2016-та година да забави на 1,2 милиони барели дневно паралелно со послабата поддршка во вид на поостар пад на цената на нафтата“, констатираше агенцијата во најновиот извештај.

Во случај на укинување на санкциите иранскиот извоз би можел да порасне, што дополнително ќе го заостри проблемот со прекумерната понуда.

„Наредното тромесечје ќе биде особено тешко поради премин од период на висока побарувачка во зона на послаба побарувачка“, напоменува Ричард Гори од JBC Energy Asia.

Од IEA сепак напоменуваат дека темпото на создавање на резерви во наредната година би требало да биде двојно побавен отколку во оваа година, оценувајќи ги многу слаби изгледите да бидат целосно пополнети капацитетите за складирање.

„По се изгледа, претерано се стравува од пополнување на складишните капацитети“, сметаат од IEA.

Проценуваат дека производството во државите вон OPEC ќе се намали следната година, пред се поради падат на активностите во САД. Овој тренд ќе продолжи доколку се намалат инвестициите.

Оваа недела американската влада прогнозираше пад на американското производство од шкрилци деветти месец по ред. Токму ова производство е главен мотор на снабдувањето вон OPEC, напоменува Reuters.

Одделно OPEC денеска на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка негова нафта во четвртокот изнесуваше 34,69 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП