27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКултурен центар и Mузичко студио за продукција на филмска музика ќе се...

Културен центар и Mузичко студио за продукција на филмска музика ќе се градат во Гази Баба

gbaba dogovor

Културен центар и Mузичко студио за продукција на филмска музика ќе се градат во општина Гази Баба, за што во петок договор потпишаа градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски со Oде Насеу Маупас и Лорент Копиц од компанијата „Macedonian Music and Entertainment“.

Според договорот, на градежната парцела е планирано да се изградат два објекта, едниот културен дом во сопственост на општината со површина од 543м2 и вториот музичко студио со површина од 1194м2. Вкупната инвестиција за овој значаен проект е 1,5 милиони евра.

Трајковски изјави дека со изградбата на културниот дом ќе се добие простор каде ќе се одржуваат разни манифестации, театарски претстави, изложби, поетски читања и слично и додаде дека со изградбата ќе се мотивираат жителите на општината повеќе да творат во областа на културата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП