20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДруштвото за ревизија Ценсум од Скопје се преименуваше во РСМ

Друштвото за ревизија Ценсум од Скопје се преименуваше во РСМ

gcc

Македонскиот пазар се збогати со уште едно влијателно име во областа на финансиските услуги. Друштвото за ревизија Ценсум од Скопје, од вчера (10ти декември 2015) се преименуваше во РСМ, со што стана и дел од една од најголемите светски мрежи на ревизорски, даночни и советодавни друштва.

Со раст од над 18% во последната година, над 37.500 вработени и канцеларии во повеќе од 110 земји во светот, РСМ е најбрзо растечката мрежа во светот во своето поле, а со тоа се поставува како значаен играч на глобалниот пазар на услуги од областа на финансии.

gaa

Под своето главно мото – „Моќта на разбирањето“, РСМ ги спојува стабилната основа, одзивен пристап преку длабоко разбирање на клиентите и поглед кон напред.

gbb

Во Македонија, РСМ односно досегашниот Ценсум, е едно од 10те најголеми ревизорски друштва, со над 20 вработени и присуство на пазарот од 2004 година.

gcc

Со оваа промена, македонските компании имаат можност да се обратат кај уште едно големо и светски препознатливо име за нивните потреби во областа на финансиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП