13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКапитациониот бод за матичните лекари од јули ќе се зголеми за 10%

Капитациониот бод за матичните лекари од јули ќе се зголеми за 10%

fond-zdravstvo

Фондот за здравство, по анализа на состојбите во примарното здравство, одлучи од 1 јули 2016 година да го зголеми капитациониот бод за матичните лекари од 50 на 55 денари.

Последното покачување на капитациониот бод кај матичните лекари е направено во 2011 година од 45 на 50 денари. Начинот на финансирање на примарната здравствена заштита во дејноста општа медицина, односно финансирањето на матичните лекари е по метод на капитација.

Зголемувањето од пет денари по капитационен поен за Фондот има дополнителна фискална импликација што изнесува 188 милиони денари годишно.

Бенефитот од оваа мерка ќе го почувствуваат 1.527 тимови на матични лекари кои што работат во 1.085 ординации со кои Фондот има склучено договор во 2015 година.

„Оваа мерка ќе значи и подобрување на состојбата во примарната здравствена заштита која ќе се рефлектира и на нашите 1,768.939 осигуреници кои имаат избрано матичен лекар и оваа бројка бележи континуиран пораст од година во година. Во просек секој матичен лекар има 1159 пациенти за кои Фондот исплаќа 104.367 денари“, се вели во соопштението од ФЗОМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП