30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар и Париз договориле долгорочна соработка

Општина Центар и Париз договориле долгорочна соработка

центар-париз

Конкретна долгорочна соработка на Париз и општина Центар на техничко и експертско ниво договориле градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и заменик-градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски.

На средбата во просториите на општина Париз, биле разменети мислења околу актуелните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Париз и Скопје, особено во сферата на заштитата на човековата околина.

Домаќинот го запозна Жерновски со визијата “Париз 2020”, каде се набележани проекциите на главниот град на Франција во доменот на зголемување на зеленилото, како и на учеството на јавниот превоз и велосипедите во сообраќајот.

Заменик-градоначалникот на Париз, како што информират од Општина Центар, ги поздрави проектите “Цел Центар на точак” и “Зона 30”, напоменувајќи дека тие се битни во однос на зачувување на човековата околина и безбедноста на граѓаните во општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП